Рецепти
Квадрати со афион Ана Ѓорова

Благо печиво со вкусен фил од афион – одличен десерт за вашите гости

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Афион(300 Грама)

Шеќер(200 грама + 1 лажица )

Млеко(450 Милилитри)

Квасец(1 коцка )

Брашно(околу 1 килограм )

Сол(малку )

Свинска маст(2 Супени лажици)

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Фил:

  1. Млекото (150 мл) се зоврива со 200 г шеќер, па се додава афионот и се меша додека се добие густ фил.
  2. Се трга од оган и се остава настрана.

Тесто:

  1. Во малку млеко се растопува квасецот со лажица шеќер, па се остава да нарасне.
  2. За тоа време брашното се соединува со млекото (200 мл), па се додаваат солта и маста.
  3. Се додава и нараснатитот квасец, па постепено и наизменично се додаваат преостанатото млеко и брашно додека се замеси меко тесто.
  4. Тестото се остава да нарасне 20 минути.
  5. Потоа се сука со дебелина од половина сантиметар и се сече на еднакви квадрати со средна големина.

Финална постапка:

  1. На секој квадрат се става лажиче фил, па аглите цврсто се спојуваат за да не тече филот.
  2. Квадратите се редат едно до друго во подмачкан плех (споениот дел доаѓа одоздола).
  3. Се оставаат да постојат 10-тина минути, па врз секој квадрат се става парче маргарин.
  4. Се печат во загреана рерна на 160 степени, 30 минути.
  5. Се оставаат да се подоладат, па се посипуваат со шеќер во прав.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: