Рецепти
Лазањи со домашно тесто Ана Ѓорова

Домашни кори за лазањи со вкусен фил од месо и бешамел сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(550 Грама)

Јајце(7 )

Сол

Мешано мелено месо(400 Грама)

Масло(0.5 Децилитар)

Лук(1 главица и 2 чешниња )

Магдонос

Бибер

Ловоров лист

Рузмарин

Црвено вино(2 Децилитри)

Доматен сос(1 Супена лажица)

Путер(60 Грама)

Млеко(0.5 Децилитар)

Морско оревче

Рендан пармезан(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

ТЕСТО:

  1. Во длабок пластичен сад ставете 500 грама од брашното и во средината направете длабнатина. Додајте ги во средината изматените 5 јајца, малку сол и замесете тврдо тесто.
  2. Тврдото тесто поделете го на мали парчиња и развлечете ги со сукало (најдобро на машина за јуфки за убаво да се развлечат) што потенко или по желба ако сакате малку подебело тесто. Потоа исечете ги по желба, може на четириаголници. Од оваа доза добивате десет листови лазања.
  3. Расуканите лазањи наредете ги на памучна крпа и оставете ги да се исушат неколку часа, а потоа гответе ги или од тестото со остар нож исечете делови и оставете ги ден-два да се сушат, а потоа спакувајте ги и користете ги по потреба.

ФИЛ:

  1. На масло пропржете ја главицата ситно сечкан лук и потоа додајте го меленото месо.
  2.  Откако месото ќе омекне, а водата ќе испари, додајте уште 2 чешниња исечкан лук, сечкан магдонос, ловоров лист, малку рузмарин, доматен сос, сол и бибер, а на крај полијте црно вино и динстајте уште неколку минути.
  3. Во друг сад припремете го бешамел сосот; на растопен путер ставете 50 грама брашно и малку пропржете го (внимавајте да не потемне). Потоа прелијте ладно млеко и гответе со постојано мешање. Додајте морско оревче и малку сол.
  4. Бешамел сосот оставете го настрана да се олади и измешајте го со 2 јајца и пармезан.

ПОДГОТОВКА:

  1. Тепсија премачкајте ја со тенок слој путер, потоа ставете ред од филот со месо, ред тесто, ред бешамел сос и завршете со последниот слој бешамел сос.
  2. Лазањите печете ги во загреана рерна околу 10 минути.
Банана залчиња
Дроб во кошулица
Овесни барови со јаворов сируп
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Посна сарма со праз и шампињони
Филе Велингтон
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Ролат со цимет и суво грозје
Чоколадни бомбици со авокадо
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Пита со јајца и кајмак
Печен ролат од свинско каре
Торта со печурки
Полнети телешки шницли
Крокети од полнети јајца
Банана бомбици со гранола
Солен колач праз и сирење
Домашен крем од кикирики
Лажни лазањи со зелка и колбаси
Кифли со виршла и кашкавал
Романски качамак
Чоколадни коцки со црн грав
Вегетаријански лазањи
Солена пита со маслинки
Полнет леб
Печена скуша (посно)
Тава пилешко со бешамел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: