Рецепти
Мафини со киви и кокос Ана Ѓорова

Вкусни мафини од кокосово брашно и млеко со киви кои им даваат свеж, киселкаст вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(40 Грама)

Шеќер(100 Грама)

Брашно(100 Грама)

Кокосово брашно(20 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Прашок за печиво(1 и пол лажичка )

Кокосово млеко(120 Милилитри)

Јајце(1 )

Киви(2 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Кивите излупете ги и исечете ги на тенки парчиња.
  2. Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и набрашнете ги, а потоа ставете во секое калапче по 2 парчиња киви.
  3. Рерната загрејте ја на 180°C.
  4. Во меѓувреме во голем сад измешајте го омекнатиот путер, шеќерот, брашното и кокосовото брашно со жица за матење.
  5. Јајцето со вилушка изматете го заедно со млекото од кокос и додајте ги на смесата со брашно. Повторно мешајте со жицата додека да добиете изедначена смеса.
  6. Смесата ставете ја врз кивите во калапите за мафини (не ги полнете скроз до горе бидејќи при печењето мафините нараснуваат) и печете 15-20 минути во загреаната рерна.
  7. Мафините извадете ги од рерна, оставете ги малку да се подоладат, а потоа одозгора наросете кокос или шеќер во прав.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: