Рецепти
Млечна торта со ореви Ана Ѓорова

Торта од бисквити и ореви со фил од бело млечно чоколадо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(12 )

Мелени ореви(12 Супени лажици)

Мелени бисквити(12 Супени лажици)

Шеќер(17 Супени лажици)

Млеко(750 Милилитри)

Брашно(5 Супени лажици)

Шеќер во прав(250 Грама)

Маргарин(375 Грама)

Бело чоколадо(100 Грама)

Млечно чоколадо(100 Грама)

Бисквити(плазма 150 грама )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Белките се двојат од жолчките, од 12 белки се прават 3 кори. Се матат 4 белки со 4 лажици шеќер да се добие цврст снег, потоа се мешање се додаваат 4 лажици мелени бисквити и 4 лажици мелени ореви. Оваа постапка се повторува 3 пати.
  2. Во загреана рерна, ја ставаме првата кора да се пече во плех 30х20 см, обложен со хартија за печење.
  3. За фил: ги матиме жолчките со 5 лажици шеќер, брашното и малку ладно млеко, остатокот од млекото го оставаме да зоврие и во него ги додаваме жолчките, мешаме додека се згусне.
  4. Откако ќе се излади, го покриваме со фолија, а маргаринот го матиме со шеќер во прав, во него го додаваме изладениот фил, па ги додаваме исечканото бело млечно чоколадо и плазма-кексот, мешаме да се соединат.
  5. Потоа филуваме: кора-фил, кора-фил, кора-фил. Оставаме тортата да се стегне во фрижидер половина час, па ја декорираме по желба со шлаг.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: