Рецепти
Монте коцки Ана Ѓорова

Едноставен колач со уникатен вкус кој изгледа раскошно и погодно за секоја пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 )

Брашно(11 Супени лажици)

Мелени ореви(5 Супени лажици)

Шеќер(10 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Млеко(100 Милилитри)

Ванилин шеќер(1 )

Маргарин(200 Грама)

Слатка павлака(400 Милилитри)

Црно чоколадо(200 Грама)

Маргарин(1 коцка )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

КОРА:

  1. Жолчките од јајце се матат со 5 лажици шеќер, се додаваат 5 лажици брашно претходно измешано со мелените ореви и прашакот за печиво.
  2. Белките се матат во цврст снег, па се додаваат во претходно изматената смеса и полека се меша со лажица.
  3. Смесата се прелива во соодветен четвртест плех и се пече 20 минути на 180 степени.

ФИЛ:

  1. Млекото се вари на умерен оган со 5 лажици шеќер, ванилин шеќер и со 6 лажици брашно. Откако ќе се згусне смесата, се трга од оган за да се излади.
  2. На изладената смеса се додаваат 200 гр изматен маргарин и добро се мати.
  3. Филот се нанесува врз испечената кора.

ТЕМЕН ФИЛ:

  1. Слатката павлака се става во тенџере, се додава чоколадото претходно искршено на коцки и се додава коцка маргарин, па се вари на умерен оган со постојано мешање додека се растопи чоколадото.
  2. Се остава 5 минути да отстои и се прелива врз белиот фил.
  3. Готовиот колач се остава да отстои преку ноќ во фрижидер, а потоа се сече на коцки и се послужува.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: