Рецепти
Морски кускус (посно) Ана Ристеска

Здрав специјалитет од морски плодови кој е одличен за постите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кускус(250 Грама)

Ракчиња(300 Грама)

Свежи шампињони(250 Грама)

Морков(4 )

Кромид(2 Главици)

Ловоров лист(1 )

Лук(1 Чешне)

Бистра зеленчукова супа(1/2 Чаша)

Презла(4 Супени лажици)

Масло

Зелена лута пиперка

Магдонос(2 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Ставете 3 дл вода да зовријат со 1 лажичка сол. Додајте го кускусот и мешајте го се додека не ја апсорбира водата. Поклопете го и оставете го да отстои 5 минути, а потоа измешајте го со вилушка.
  2. Излупете го кромидот и крупно исечкајте го. Морковите исечкајте ги на тенки крукчиња.
  3. Исчистете ги печурките и исечкајте ги. Загрејте 3 лажици масло во една тава и на него пржете го излупениот лук. Додајте ги ракчињата и пржете ги 1 минута, а потоа посолете ги и тргнете ги на страна.
  4. Во истата тава пржете го кромидот 2 минути. Полијте го со супата, додајте ги морковите, ловорот и лутото пиперче. Варете ги 10 минути, често мешајќи ги, а потоа додајте ги печурките. Варете ги 3-4 минути, па вратете ги ракчињата кратко пред да го изгасите огнот.
  5. Посолете ја супата, попиперете ја, посипете ја со магдоносот, а ловорт и лукот отстранете ги.
  6. Измешајте ги зеленчукот и ракчињата со кускусот и сервирајте ги полеани со малку масло.
  7. Измешајте ја презлата со останатиот ден од магдоносот, посолете ја, попиперете ја и неа и посипете го кускусот. Печете го 5 минути на 200 степени за да се гратнира површината.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: