Рецепти
Највкусни крофни
Превкусни! На една нема да можете да останете
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(3 )
Брашно(1 Килограм)
Квасец(1 )
Млеко(300 Милилитри)
Масло(200 Милилитри)
Шеќер(120 Грама)
Рум(2 Супени лажици)
Црно чоколадо(100 Грама)
Бело чоколадо(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 140 минути
- Во чинија, се рони квасецот, се додава лажица шеќер и 50 мл млеко, па се остава на топло да нарасне.
- Јајцата, млекото, маслото, шеќерот и румот се матат во сад, во хомогена смеса.
- Во друг сад, брашното се меша со кората од лимон. Се соединуваат сите состојки во поголем сад и се замесува мазно тесто.
- Тестото се покрива во крпа и се осатва на топло да нарасне 1 час. Кога е готово, се расукува до дебелина од 1,5-2 см. Со чаша се вадат крофнички од тестото.
- Крофничките се редат во плех обложен со хартија за печење, па плехот се става во рерна на 50 степени за да нараснат. По 15 минути, ја зголемуваме температурата на 180 степени и ги печеме крофните 18-20 минути.
- Изладените крофни се украсуваат со смеса од растопените чоколади (на пареа) со малку масло. Ги потопуваме во чоколадната смеса и ги посипуваме со ронки по желба. Кога чоколадото ќе се стегне, готови се за јадење.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во