Рецепти
Основен рецепт за лиснато тесто Ана Ѓорова

Сите намирници треба да бидат ладни, тестото мирува на ладно место, а маргаринот мора да биде потполно свеж. Избегнувајте топли простории и во близина на печка.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Маргарин(250 Грама)

Вода(3 Супени лажици)

Оцет(2 Супени лажици)

Сол

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 4 часа

  1. Од 150 грама брашно, малку сол, 3 лажици млака вода и 2 лажици оцет замесете меко тесто. Добро изработете го, покријте го со кујнска крпа и оставете го да отстои.
  2. Маргаринот исечете го на листови, посипете го со 100 грама брашно, па со сукало изработете масно тесто. Обликувајте коцка со дебелина најмалку 1 и пол см и ставете на ладно место околу 1/2 часа.
  3. Потоа почнете со правењето на лиснатото тесто, т.е. заедно изработете го мекото тесто и масното тесто по следнава постапка: мекото тесто расукајте го на даска во облик на четириаголник (40х40 см). Масното тесто ставете го во средина и преклопете го со тестото од едната, па од другата страна, потоа нежно со сукало поминете го, па преклопете ги и долната и горната страна да добиете облик на коцка. Покријте и оставете повторно да мирува околу 1/2 часа.
  4. Потоа тестото внимателно и нежно поминете го со сукалото, истенчете во вид на четириаголник и повторно повторете ја постапката со поклопувањето. Повторно оставете да отстои.
  5. Постапката повторете ја уште еднаш и по третото преклопување, расукајте го тестото на големина по желба.
  6. Ставете го лиснатото тесто да се пече во ненамастена тепсија која претходно е полиена со ладна вода, а за печењето потребна е висока температура од 220-230°C.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: