Рецепти
Палачинки Suzette Ана Ристеска

Француски специјалитет од необично вкусни и многу специфични палачинки. Навидум изгледаат тешки за приготвување, но кога еднаш ќе се обидете да ги приготвите ќе увидите дека се многу лесни, а вкусот им е феноменален и вреди да се проба 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Газирана вода(1 Чаша)

Млеко(1/2 литар + 1 чаша )

Брашно(по потреба )

Масло(малку )

Пудинг од ванила(1 Пакување)

Шеќер(4 Супени лажици)

Маргарин(70 Грама)

Жолчка од јајце(2 )

Шеќер во прав(50 Грама)

Бело вино(1 Чаша)

Мелени ореви(ако сакате )

Сок од портокал

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Од јајцата (3), киселата вода, млекото (1 чаша), брашното и маслото направете 4 стандардни палачинки (можете и повеќе, но состојките за кремот се за 4 палачинки).
  2. Се вари кремот со млекото (1/2 л), шеќерот и пудингот од ванила. Кога ќе се излади се миксира со 70 г путер. Овој крем е доволен за 4 палачинки. Палачинките се премачкуваат и се превиткуваат на 4 дела.
  3. Шато-прелив. Се миксира 1 јајце и 2 жолчки со 50 г шеќер во прав. Во ова го додаваме белото вино, кое треба да биде жешко и тоа во тенок млез со постојано мешање. Потоа го враќаме на ринглата и на тивок оган го вариме додека се згусне. Со жешкиот прелив ги преливаме палачинките, ги наросуваме со мелени ореви ако сакаме и ги поливаме со сок од портокал.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: