Рецепти
Печени панцероти Ана Ѓорова

Вкусно печиво со фил од шунка, кашкавал и сирење што може да биде одличен појадок, вечера или предјадење. Добар апетит!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вода(200-250 милилитри (за тестото) )

Квасец(1 (за тестото) )

Сол(1 лажичка (за тестото) )

Шеќер(35 грама (за тестото) )

Маргарин(омекнат 50 грама (за тестото) )

Брашно(500 грама (за тестото) )

Јајце(1 (за филот) )

Зелени маслинки(10 (за филот) )

Кисели краставички(4 средни (за филот) )

Сирење(150 грама (за филот) )

Шунка(150 грама (за филот) )

Кашкавал(200 грама (за филот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Во подлабок сад се замесува тесто со состојките за тесто и се остава да стасува 30 минути.
  2. Откако тестото ќе стаса, се става на набрашнета површина и се дели на два дела. Од едниот дел се сука кора околу 0,5 см и од таа кора се вадат кругови со чаша со поголем обем.
  3. Секој од круговите се премачкува со маргарин, па се става малку кечап и од претходно изренданиот или исечкан фил, кој се става само на половина од кругот.
  4. Едниот дел од кругот се преклопува врз делот каде што е филот и се притиснува посилно на краевите со виљушка како би се затвориле панцеротите.
  5. Истата постапка се повторува и со вториот дел од тестото.
  6. Ги редиме панцеротите во тепсија обложена со хартија за печење и ги премачкуваме со изматена жолчка, па врз нив посипуваме сусам и ги оставаме да отстојат уште 10-тина минути.
  7. Панцеротите ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути или додека поруменат.
  8. Печените панцероти ги сервираме во чинија заедно со павлака или со кечап. Добар апетит!
Колач со круши и бадеми
Лазањи со болоњезе сос
Кростата од бадеми со мармалад
Домашни равиоли со сирење
Канелони со пилешко месо
Ролнички со моцарела
Макарони салата со горгонзола
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Тиквички на милански начин
Фетучини со лосос сос
Кростата со кокос и чоколадо
Лазањи со печурки
Црвен песто сос
Пепероната
Брускети со тиквички
Пилешки ражничи со песто сос
Салата од макарони со кисели краставички и сирење
Шпагети со ќофтиња
Фритата со домати и пиперки
Семифредо со чоколадо
Лимончело
Полнети модри патлиџани
Капоната
Чиабата леб
Сладолед тирамису
Фокача џеновезе
Италијански ќофтиња
Тортелини со пилешко и песто
Домашна наполетанска пица
Бонет

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: