Рецепти
Пилешки копани на индиски начин Ана Ѓорова

Вкусни и зачинети копанчиња со сос од павлака и со ориз

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки копан(8 )

Куркума(5 Кафени лажици)

Ѓумбир во прав(4 Кафени лажици)

Кари во прав(2 Кафени лажици)

Лук во прав(1 Кафена лажица)

Мед(1 Супена лажица)

Кечап(2 Супени лажици)

Сенф(1 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

Ориз(2 Чаши)

Путер

Јогурт(200 Милилитри)

Павлака(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Копаните се мијат и се сушат, а потоа се зачинуваат со 2 лажички куркума, 1 лажичка кари, 2 лажички ѓумбир, 1 лажичка цимет и прстофат лук во прав и добро се тријат од сите страни. Се посолуваат и се зачинуваат со бибер по вкус.
  2. Во чинија се мешаат медот, 3 лажици масло, сенфот и кечапот, па се преливаат врз зачинетото месо и добро се втријуваат. Месото се остава 45 минути да отстои со повремено превртување.
  3. Копаните потоа се пржат во добро загреана тава додека заруменат, па се ставаат во загреана чинија.
  4. Оризот се мие и се суши, па се пржи со мешавина од масло и путер додека стане стаклест. Потоа се прелева со врела вода и се вари на умерена температура.
  5. Кога оризот ќе биде до пола готов, се зачинува по вкус со сол и бибер, а пред самиот крај на готвењето му се додаваат 2 лажички куркума, 1 лажиче ѓумбир и 1 лажиче кари. Лесно се промешува со лажица, се исклучува ринглата и се остава уште неколку минути поклопено.
  6. Во меѓувреме се мешаат јогуртот и павлаката, се зачинуваат по вкус со сол и бибер и се додаваат 1 лажиче куркума, 1 лажиче ѓумбир и прстофат лук во прав.
  7. Во чинијата со копаните се додава оризот и се сервира со сосот.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: