Рецепти
Пилешко со јаболки
Одличен спој од овошје, зеленчуци и зачини кои му даваат свежина и арома на пилешкото месо, а по малку и пикантен вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешко месо(1 Килограм)
Модар патлиџан(2 )
Компир(4 )
Зелена пиперка(1 )
Чили пиперка(2 )
Јаболко(1 )
Морков(3 )
Црвено вино(200 Милилитри)
Павлака(200 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Пилешкото месо се сече на парчиња и се премачкува со сенф, модрите патлиџани се сечкаат и им се става вегета.
- Компирите се сечкаат и им се става зачин по вкус, јаболкото се сече на коцки и се посипува со цимет, пиперката се сече на кругови, а морковите на парчиња.
- Во масло се пропржува месото и се додава виното, па модрите патлиџани, пиперката и јаболкото. Сè заедно се пржи.
- Во посебен сад претходно намастен со путер се редат прво компирите, па морковот, смесата со месо, исечканиот магдонос и цели 2 лути пиперки. Се украсува со павлака.
- Се става да се пече во рерна на 200°C, околу 30 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во