Рецепти
Полнети мисиркини гради
Специјалитет од мисиркино месо полнето со сирење за вкусен ручек
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мисиркини гради(3 Парчиња)
Овчо сирење(150 Грама)
Путер(80 Грама)
Леб(за тост 6 парчиња )
Свеж босилек(5-6 Листови)
Лук(1 Чешне)
Вегета(1 Супена лажица)
Бибер(1 Супена лажица)
Сушен темјан(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Листовите босилек ситно исечкајте ги и ставете ги во чинија, па измешајте ги со сирењето исечено на коцки.
- Посолете 2 шницли од мисирка и зачинете ги со бибер и со 1/2 лажица вегета, па толчете ги со чук.
- На средината од секоја шницла ставете по половина од смесата со сирење и босилек. Прекријте го со половина од третата мисиркина шницла.
- Краевите на долните шницли свиткајте ги кон внатрешноста и прицрврстете ги со чепкалки.
- Полнетите мисиркини гради ставете ги во огноотпорен намастен сад, попрскајте ги со масло и печете ги во рерна на 180 степени, 30 минути.
- Извадете ги од рерна, извадете им ги чепкалките и исечете ги на парчиња.
- Во блендер измиксајте ги зрната бибер, чешнето лук, крупно сечканиот магдонос, темјанот, 1/2 лажица вегета, сол и бибер и со смесата премачкајте ги потпечените кришки леб, па послужете ги со мисиркините гради.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во