Рецепти
Полнети модри патлиџани со шунка и кисели краставички Ана Ѓорова

Одлично предјадење или лесна вечера од сочни и вкусни полнети модри патлиџани со шунка, кисели краставички, зденка и пармезан.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Модар патлиџан(2 )

Шунка(200 Грама)

Кисели краставички(2-3 )

Зденка(2 )

Рендан пармезан(100 Грама)

Рен(1 Супена лажица)

Путер(100 Грама)

Лебни трошки(1 Кафена лажица)

Брашно(1 Супена лажица)

Млеко(2 - 3 Супени лажици)

Сечкан магдонос(1 Китка)

Маслиново масло(2 - 3 Супени лажици)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. На модрите патлиџани им ги отсекуваме краевите и ги сечеме на половина по должина. Потоа секое парче го длабиме со лажица за полнењето. Вака подготвените модри патлиџани ги оставаме во чинија, а смесата од внатрешноста ја сечкаме на коцки.
  2. Шунката, киселата краставичка и зденката ги сечеме на коцки, ги распоредуваме во различни садови и ги оставаме настрана.
  3. На оган ставаме тава со маслиново масло. Во загреаното маслиново масло ги додаваме половинките модри патлиџани да се пржат од двете страни, а потоа ги ставаме на чинија со хартија за да ја впие мрснотијата.
  4. Потоа ги пржиме исечканите модри патлиџани на тивок оган неколку минути со постојано мешање. Посолуваме по вкус и тргаме настрана во сад.
  5. На оган ставаме тенџере и во него путер да се растопи, а потоа додаваме 1 лажица брашно, малку млеко, рин и исечкана зденка, па промешуваме со жица за матење.
  6. Ставаме путер во тава да се растопи и ги додаваме шунката и киселите краставички. Промешуваме и ја ставаме испржената смеса од модрите патлиџани. Со оваа добиена смеса ги полниме половинките модри патлиџани.
  7. Така наполнетите модри патлиџани ги редиме во керамичка тава, а потоа ги преливаме со претходно подготвениот прелив во тенџерето. Одозгора ставаме од останатата зденка, ситно сечкан магдонос, пармезан и 1 кафена лажица лебни трошки.
  8. Тавата со модрите патлиџани ја ставаме да се пече во рерна на температура од 200°C, 15тина минути. Декорирајте со парчиња домат, босилек и пармезан по желба. Уживајте!
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: