Рецепти
Полжави со печурки
Морски специјалитет
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Полжави(30 - 40 )
Оцет(250 Грама)
Масло(100 Грама)
Кромид(неколку главици )
Црвен пипер(1 Супена лажица)
Сол(1 Кафена лажица)
Свежи шампињони(50 Грама)
Ловоров лист(1 Лист)
Сечкан магдонос(1 Китка)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- За подготовка на полжавите: најпрво убаво измијте ги и варете ги 20тина минути. Откако убаво ќе се сварат, одделете ги од куќичката. Измијте ги добро неколку пати низ неколку води. Ставете ги во 1 литар вода помешана со оцет и оставете ги да отстојат 20тина минути.
- Во лонец загрејте 100 грама зејтин и додајте ситно исечкан кромид да се пропржи. Потоа додајте црвен пипер, бибер и ловоров лист.
- Полжавите најпрвин исцедете ги и потоа ставете ги во лонецот да се пропржат. Додајте вода или супа во лонецот и динстајте 1 час на умерен оган.
- Во меѓувреме во зовриена вода ставете ги печурките, па кога малку ќе омекнат исцедете ги, исечете ги на ситни парчиња и додајте ги да се варат со полжавите. Наросете ситно сечкан магдонос по желба во лонецот и сол. Гответе заедно со печурките додека полжавите не бидат готови.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во