Рецепти
Посна реформ торта Ана Ѓорова

Посна чоколадна торта со мелени ореви што одлично оди со шолја варено кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мед(150 Грама)

Мелени ореви(400 Грама)

Вода(3 филџани )

Шеќер(300 Грама)

Брашно(200 Грама)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Цимет(по вкус )

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Посно црно чоколадо(100 Грама)

Посен маргарин(180 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Медот, 3 филџана вода и 100 г шеќер се мешаат додека да се добие хомогена смеса.
  2. Во друг сад се мешаат брашното, 150 г мелени ореви, содата бикарбона и цимет по вкус. Се додава смесата со медот и се меша со лажица.
  3. Смесата се претура во плех и се пече на 175 степени, 20 минути. Испечениот и оладениот пандишпан се дели на три дела.
  4. Во сад се ставаат 200 г шеќер и ванилиниот шеќер, се прелива со филџан вода, се загрева до вриење, па се трга од оган.
  5. Се додаваат 250 г мелени ореви и чоколадото искршено на мали парчиња, па добро се меша.
  6. Маргаринот пенасто се мати со миксер, па се меша со изладените ореви.
  7. Трите пандишпани и целата торта се филуваат со кремот, па се украсува со мелени ореви или со растителен шлаг.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: