Рецепти
Шери колач Ана Ѓорова

Вкусен и сочен колач од вишни и чоколадо кој одлично оди со шолја кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(3 )

Шеќер(200 грама + 4 лажици )

Вода(50 Милилитри)

Масло(50 Милилитри)

Брашно(200 Грама)

Прашок за печиво(1/2 Пакување)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Компот од вишни(1 тегла )

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)

Млеко(800 Грама)

Пудинг од чоколадо(2 Пакувања)

Црно чоколадо(200 Грама)

Маргарин(180 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

ТЕСТО:

  1. Две жолчки се матат со 100 грама шеќер, па се додаваат 50 милилитри млака вода, 50 милилитри масло и едно ќесе ванилин шеќер.
  2. Добро измешајте ги сите состојки со лажица и додајте го брашното, печивото и снег од 2 белки кои претходно ги измативте настрана со миксер.
  3. Смесата се пече во намастено тавче со масло и малку брашно на 180 степени околу 20 минути.

ФИЛ ОД ВИШНИ:

  1. Вишните заедно со нивниот сок, 100 грама шеќер, густинот и 1 ќесе ванилин шеќер се варат на тивок оган додека смесата се згусне.

ФИЛ ОД ЧОКОЛАДО:

  1. Во млекото додајте ги пудинзите од чоколадо, 4 лажици шеќер, 1 јајце и варете додека смесата се згусне.
  2. Додека филот е топол, се додава чоколадото, а откако ќе се олади ставете го изматениот маргарин и мешајте со миксер.
  3. Најпрво испеченото тесто премачкајте го со филот од вишни, па одозгора со филот од чоколадо и оставете го колачот преку ноќ во фрижидер да се стегне.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: