Рецепти
Штрудла од круши со прелив од ѓумбир Ана Ѓорова

Одличен и необичен рецепт за штрудла со домашно тесто, фил од круши и вкусен прелив од ѓумбир кој вреди да го испробате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(150 грама + 1 лажиче )

Вода(100 Милилитри)

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Круша(500 Грама)

Шеќер(90 Грама)

Лимон(0.5 )

Путер(20 Грама)

Шеќер во прав

Млеко(300 Милилитри)

Жолчка од јајце(3 )

Корен од ѓумбир(20 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

ТЕСТО:

  1. Загрејте 100 мл вода, но да не зоврие.
  2. Брашното просејте го и измешајте го со солта, маслото и додавајте ја постепено загреаната вода.
  3. Од состојките замесете меко тесто. Покријте го со влажна крпа и оставете го да отстои половина час на средно топло место.

ФИЛ:

  1. Уклучете ја рерната на 180°C.
  2. Во меѓувреме излупете ги крушите и посипете ги со мешавина од 40 грама шеќер и со изрендана кора од половина лимон. Може по желба да додадете во рецептот и мелени или сечкани ореви.

ПРЕЛИВ:

  1. Млекото стоплете го во тенџере заедно со изренданиот свеж ѓумбир.
  2. Во друг сад измешајте ги жолчките, 50 грама шеќер и 1 кафена лажица брашно, па постепено додавајте го  млакото млеко, а потоа целата смеса ставете ја на оган и мешајте додека малку се згусне.

ФИНАЛНА ПОСТАПКА:

  1. Расукајте го тенко тестото во квадрат и ставете го врз набрашнета хартија за печење во плех и убаво развлечете го на страните.
  2. Одозгора нанесете од филот и притиснете го добро, но внимавајте тенкото тесто да не се скине.
  3. Поклопете го тестото, намастете ја штрудлата со путер или масло и печете ја во загреаната рерна околу половина час.
  4. Десетина минути пред да се испече, извадете ја од рерна и додајте шеќер во прав.
  5. Штрудлата оставете ја да се подолади, а потоа прелијте ја со врелиот прелив и послужете ја.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: