Рецепти
Солена торта од спанаќ и млад кромид Ана Ѓорова

Интересно предјадење со кори од млад кромид и спанаќ и со вкусен мешан фил од павлака, кашкавал и шунка

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Спанаќ(500 Грама)

Млад кромид(3 страка )

Јајце(6 )

Јогурт(200 Милилитри)

Брашно(200 Грама)

Масло(50 Милилитри)

Прашок за печиво(1 )

Сол(1 Кафена лажица)

Павлака(600 Милилитри)

Мајонез(200 Милилитри)

Кашкавал(100 Грама)

Шунка(100 Грама)

Сусам(за посипување )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

Кори:

  1. Спанаќот се обарува.
  2. Обарениот спанаќ и кромидот се сечкаат ситно, па во подлабок сад се мешаат со јогуртот.
  3. Се додаваат 50 мл масло, 3 јајца и сол и се промешува.
  4. Постепено се додава брашно помешано со печиво и постојано се мати со лажица.
  5. Добиената смеса се истура во плех обложен со хартија за печење и се пече 15 минути на 200°C.
  6. Се сече на три еднакви дела и се оставаат да се оладат.

Филување:

  1. Се варат 3 јајца.
  2. Едната кора се става на чинија за торта, се премачкува со 200 мл павлака. Се посипува со ситно сечкана шунка и се премачкува со 100 мл мајонез.
  3. Одозгора се става втората кора, се премачкува со павлака, се редат варените јајца исечени на кругови и се премачкува со мајонез.
  4. На крајот се преклопува третата кора, се премачкува со павлака, се посипува одозгора со рендан кашкавал и се наросува со пржен сусам.
  5. Може да се исечат и коцки и наместо сусам да се декорира со зеленчук, маслинки и слично за мезе.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: