Рецепти
Супа со моркови и зачини
Лесна е за подготовка, а зачините и’ даваат посебен шмек
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
1 лицеВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(1 Супена лажица)
Кромид(1/2 Главица)
Морков(225 Грама)
Ѓумбир(свеж исечкан околу 1/2 лажичка )
Коријандер(свеж исечкан околу 1/2 лажичка )
Куркума(свежа исечкана околу 1/2 лажичка )
Кумин(1/4 Кафена лажица)
Чили во прав(1/8 Кафена лажица)
Пилешка супа(1 Чаша)
Кокосово млеко(1/2 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Растопете го путерот на рингла во тенџере на умерен оган. Додајте ги исечканите кромид, моркови и зачините. Измешајте и гответе додека да омекнат зеленчуците, околу 10 минути.
- Додајте пилешката супа, колку да ги покрие зеленчуците. Додајте уште супа по потреба . Оставете ја смесата да зоврие и продолжете со варење уште 10 минути додека морковите целосно омекнат.
- Потоа тргнете од оган и со рачен блендер измиксирајте го зеленчукот во тенџерето. Или ставете од супата во блендер, изблендирајте и вратете во тенџере така на неколку пати.
- Додајте го кокосовото млеко, зачинете ја супата со сол и бибер по вкус и послужете ја со сечкан коријандер по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во