Рецепти
Тарт од лимон и бадеми Ана Ѓорова

Домашна пита со вкусна крема од лимон и од бадеми што нема да ве остави рамнодушни

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(200 грама + 1 лажица )

Путер(280 Грама)

Шеќер(285 Грама)

Лимон(3 )

Жолчка од јајце(1 )

Јајце(4 )

Сол(1 Прстофат)

Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)

Млеко(250 Милилитри)

Бадеми(85 Грама)

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Најпрвин одделете 85 грама од путерот и оставете го на собна температура да омекне. Останатата количина на путер оставете ја во фрижидер бидејќи ќе ви треба ладна.
  2. Тестото: во сад ставете 140 г ладен путер, исечкан на коцки, 100 г шеќер, 200 г брашно, рендана кора од 1 лимон и малку сол. Матете со миксер додека се направат грутки, а потоа додајте 1 жолчка од јајце. Продолжете да матите за да добиете изедначена смеса.
  3. Смесата од садот префрлете ја на набрашнета површина, по потреба додавајте уште малку брашно за да замесите средно тврдо тесто. Изработеното тесто оформете го во топка, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои во фрижидер 1 час.
  4. Во меѓувреме подгответе го кремот од лимон:  млекото ставете го во длабока тава на оган. Трите јајца изматете ги во посебен сад со миксер заедно со 100 г шеќер и прстофат сол. По неколку минути додајте ја ренданата кора од 1 лимон и измешаните 1 лажица нишесте и 1 лажица брашно. Продолжете да матите уште неколку минути.
  5. Кога млекото ќе почне да врие, земете 1/2 чаша од него и додајте го во смесата со јајцата. Мешајте со лажица и потоа целата смеса додајте ја во тавата со млеко. Оставете да се згусне смесата на умерен оган, а кога ќе проврие, мешајте енергично и за кратко време смесата ќе се згусне.
  6. Тргнете од оган кога ќе се згусне, додајте 50 г ладен путер исечен на коцки и исцеден сок од 1 лимон. Измешајте ја смесата и тргнете ја во сад настрана да се олади на собна температура.
  7. Во меѓувреме подгответе го кремот од бадеми: бадемите сомелете ги (или користете брашно од бадеми). Потоа измешајте ги со 85 г шеќер, 85 г омекнат путер, 1 јајце и ренданата кора од 1 лимон. Мешајте со миксер или со жица за матење за да добиете густ крем.
  8. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  9. Тестото расукајте го на набрашнета површина во кружна кора со околу 4-5 мм дебелина.
  10. Потоа ставете го во кружен калап за печење (претходно намачкан со путер и набрашнет) со пречник 24 см и убаво распоредете го тестото. Треба малку да излегува на краевите од калапот,  па потоа со сукало исечете ги краевите.

 

tart

 

11. Површината избодете ја во виљушка, ставете од оладената крема од лимон и убаво распоредете ја низ тестото. Потоа со лажица црпете од кремот од бадеми и распоредете го врз слојот од кремата од лимон.

12. Печете го тартот во загреаната рерна на 180 степени околу 35-40 минути додека убаво зарумени.

13. Оставете да се олади, посипете ја со шеќер во прав и декорирајте со листови бадеми.

Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: