Рецепти
Тарт од смокви Ана Ѓорова

Вкусен, благ и овошен колач кој совршено оди во комбинација со топка сладолед

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(1/2 Чаша)

Шеќер(3/4 Чаши)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Брашно(1 2/4 Чаша)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Смоква(8-10 )

Портокал(1-2 )

Мед(1 Супена лажица)

Мелени бадеми(200 Грама)

Жолчка од јајце(2 )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Во голем сад убаво измешајте 1/2 чаша путер, 3/4 чаша шеќер и ванилата. Смесата ставете ја во намастен огноотпорен сад со путер и со прсти убаво натапкајте.
  2. Печете го тестото во загреана рерна на 175°C, околу 13-15 минути.
  3. Извадете го испеченото тесто од рерна и оставете да се олади 10-20 минути.
  4. Во меѓувреме измијте ги и исечете ги смоквите и измешајте ги со сок од портокал и мед. Ставете ги во рерна кратко, околу 10-12 минути колку да омекнат. Извадете ги од рерна и одделете ги смоквите од течноста.
  5.  Со миксер пенасто изматете уште 200 грама путер и уште 200 грама шеќер, а потоа измешајте ги со мелените бадеми и кората од портокал и убаво соединете со лажица. Додајте ги жолчките од јајце и 1 супена лажица од течноста каде што се печеа смоквите. Промешајте убаво и прелијте врз тестото.
  6. Печените смокви притиснете ги во тестото и печете во загреана рерна околу 1 час додека не добие убава златнокафена боја. Ако внатрешноста ви се чини мека, не грижете се, оставете да се подолади 15 минути по печењето и послужете.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: