Рецепти
Тарт со џем од малини Ана Ристеска

Вкусен тарт со џем од малини по оригинален австрински рецепт како што го приготвуваат во слаткарниците во Линц

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(90 Грама)

Путер(75 Грама)

Јајце(1 )

Мелени бадеми(50 Грама)

Цимет(5 Грама)

Брашно(220 Грама)

Прашок за печиво(1 Грам)

Џем од малини(200 Грама)

Јајце(1 за премачкување )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Просејте го брашното, прашокот за пециво и циметот во еден сад.
  2. Исечете го путерот на коцки и измешајте го со брашното.
  3. Месете го путерот со брашното и постепено додавајте ги мелените бадеми.
  4. Матете ги шеќерот и јајцето и додајте ги во смесата со брашното. Месете го тестото со раце.
  5. Ставете го брашното во фрижидер минимум 1 час.
  6. Измерете околу 350 грама од тестото и расукајте го со дијаметар од 24 см.
  7. Ставете го тестото во калапот за тарт и притиснете го на краевите.
  8. Вишокот тесто исечете го со ножици.
  9. Матете го џемот додека не стане мазен и премачкајте го врз тестото.
  10. Останатиот дел од тестото расукајте го така што ќе има дебелина од 4 мм и исечете го на еднакви ленти.
  11. Наредете ги лентите врз тартот една врз друга.
  12. Премачкајте ги со јајце и печете го тартот во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: