Рецепти
Тирамису од цреши Ана Ѓорова

Практичен и едноставен начин на подготовка на летен тирамису колач со свежи цреши, за кој не е потребно печење во рерна.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пишкоти(105 Грама)

Млеко(2 Децилитри)

Цреши(300 Грама)

Горчлив ликер(2 Супени лажици)

Жолчка од јајце(3 )

Шеќер(6 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Маскарпоне сирење(200 Грама)

Желатин(15 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Слатка павлака(3 Децилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

  1. Во мало тенџере на умерен оган сварете ги излупените цреши со 3 лажици шеќер и ликер (може да употребите и овошен ликер). Гответе додека смесата не зоврие и тргнете настрана, а потоа во садот додајте 10 грама желатин претходно измешан со 4 лажици ладна вода.
  2. Во друг сад на пареа згответе 3 жолчки од јајце со 3 лажици шеќер и 1 пакување ванилин шеќер. Гответе со непрекинато мешање додека шеќерот целосно не се растопи и тргнете настрана. Останатиот желатин измешајте го со 2 лажици ладна вода и додајте го во смесата со жолчките. Убаво промешајте и додајте го маскарпоне сирењето.
  3. Чоколадото растопете го на пареа со 1 дл слатка павлака и оставете да се олади. Потоа оладената смеса изматете ја со миксер за да се добие цврст крем.
  4. Пишкотите натопете ги во млеко и распоредете ги на дното од стаклените чаши за послужување. Врз пишкотите ставете од филот од цреши, потоа ставете од филот од ванила и одозгора ставете уште еден слој потопени пишкоти. Над пишкотите, додајте слој од чоколадо и на крај завршете со шлагот од слатката павлака. Декорирајте со свежи плодови цреши и посужете го десертот ладен.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: