Рецепти
Торта од малини
Летна торта од малини, со тесто од бадеми, шлаг и свежи плодови
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(150 Грама)
Маргарин(100 Грама)
Лимон(1/2 )
Сол(1 Прстофат)
Шеќер во прав(170 Грама)
Жолчка од јајце(1 )
Малини(750 Грама)
Ванилин шеќер(2 Пакувања)
Јајце(3 )
Мелени бадеми(120 Грама)
Презла(30 Грама)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
ПОДГОТОВКА НА ГЛАВНОТО ТЕСТО:
- Со брзи движења замесете тесто од следниве состојки: 60 грама маргарин или путер, брашно, 50 грама шеќер во прав, прстофат сол, изрендана кора од 1/2 лимон и 1 жолчка. Откако убаво ќе го изработите тестото, ставете го во фолија и оставете го во фрижидер да отстои 30 минути.
- Со путер намрсете округла модла за торта со димензии 24 см. Расукајте го тестото и обложете ја модлата, така што од страните тестото да изнесува 2 сантиметри во висина. Дното прободете го со вилушка и печете го тестото во загреана рерна на 180°C, околу 10 минути, а потоа оставете да се олади.
ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО СО БАДЕМИ:
- Со електричен миксер пенасто изматете 40 грама путер со 40 грама шеќер во прав, постепено додавајте ги жолчките, мелените бадеми и на крај додајте цврста пена од изматени белки.
ПОДГОТОВКА:
- Испеченото тесто во модлата за торта наросете го со презла, ставете 500 грама малини, наросете ги со измешана смеса од 80 грама шеќер во прав и ванилин шеќер и на крај посипете го со тестото од бадеми.
- Тортата вратете ја во рерна и печете ја уште 35-40 минути.
- Оставете малку да се подолади, внимателно извадете ја од модлите и оставете целосно да се олади. Пред сервирање, на краевите декорирајте со шлаг од ванила и свежи парчиња малини.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во