Рецепти
Торта шпански ветар Ана Ѓорова

Торта од матена слатка павлака со фил од мелени ореви. Послужете ја со парчиња свежо овошје и уживајте во вкусот.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(10 )

Шеќер(750 Грама)

Путер(250 Грама)

Мелени ореви(250-300 Грама)

Брашно(7 Супени лажици)

Хопла(1 Литар)

Млеко(1 Литар)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Тесто:

  1. Десет белки се матат со 500 грама шеќер, се додава 1,5 лажички цеден лимон. Смесата се истура во подмачкан плех и се пече само 5 минути на 250 степени.
  2. Потоа температурата во рерната се намалува на 100 степени и пандишпанот се пече 1 час без отварање на рерната.

Фил:

  1. Десет жолчки се матат со 250 грама шеќер.
  2. Во една шолја млеко се раствораат 7 лажици брашно.
  3. Смесата се истура во 1 литар топло млеко, па се додаваат и изматените жолчки и се прави кремот.
  4. Посебно се мати путерот и се додава во изладениот крем.
  5. Кремот се дели на два дела. Во првиот дел се додаваат мелените ореви, а во другиот половина од хоплата.

Финална постапка:

  1. Изладеното тесто се филува прво со кремот од ореви.
  2. Потоа се нанесува крем, па вториот дел од слатката павлака.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: