Рецепти
Торта со банани Ана Ѓорова

Испробајте го овој рецепт за торта со бисквити, млеко и банани што е одличен освежителен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Белка од јајце(7 )

Шеќер(7 Супени лажици)

Брашно(7 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Жолчка од јајце(2 )

Млеко(400 Милилитри)

Банана(4 + 1 или 2 за декорација )

Бисквити(200 Грама)

Чоколадни трошки(1 Пакување)

Шлаг во прав(3 Пакувања)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Пандишпан:

  1. Пет белки ги ставаме во сад заедно со 5 лажици шеќер и прашакот за печиво и матиме со миксер.
  2. Додаваме 5 лажици брашно и повторно матиме, па смесата ја ставаме во округла тава за печење и печеме 20 минути на 250 степени.

Фил:

  1. Две жолчки ги матиме со 2 лажици шеќер. Додаваме 2 лажици брашно и повторно матиме.
  2. Млекото го ставаме во тенџере на оган да зоврие. Откако ќе зоврие, во него се додава претходната смеса со жолчки. Се вари на тивок оган додека да се згусне, со постојано мешање. Тргаме од оган и оставаме да се излади.
  3. Две белки ги матиме, ги пасираме бананите, а бисквитите ги кршиме.
  4. Откако претходната смеса со млекото ќе се излади, ги додаваме изматените белки и бананите и матиме.
  5. Потоа ги додаваме и бисквитите и чоколадните трошки и мешаме со лажица.

Финална постапка:

  1. Испечената кора ја делиме на два дела.

pandispan

2. Првиот дел го ставаме на чинија за торта и го полеваме со млеко.

3. Ставаме од филот на тортата. Потоа редиме кругови банана.

4. Вториот дел од тортата го полеваме со млеко и го ставаме врз редот банани на чинијата за торта.

5. Целата торта ја премачкуваме со филот.

6. Ја матиме шлаг пената врз филот премачкуваме од шлагот и украсуваме со кругови банана.

Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: