Рецепти
Торта со јагоди и крем од ванила Ана Ѓорова

Торта со три слоја што е многу вкусна и е одличен летен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 за пандишпан )

Шеќер(250 грама за пандишпан )

Брашно(250 грама за пандишпан )

Ванилин шеќер(1 пакетче за пандишпан )

Путер(75 грама за пандишпан )

Јајце(4 за кремот од ванила )

Шеќер во прав(175 грама за кремот од ванила )

Брашно(60 грама за кремот од ванила )

Млеко(500 мл за кремот од ванила )

Ванилин шеќер(1 пакетче за кремот од ванила )

Шеќер во прав(50 грама )

Јагоди(500 грама )

Шлаг во прав(3 пакувања за шлагот )

Млеко(300 мл за шлагот )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпан

  1. Во тенџере на оган растопете го путерот.
  2. Одделете ги жолчките од белките – белките изматете ги со миксер со половина од шеќерот додека да ја добијат потребната цврстина.
  3. Жолчките изматете ги во друг сад со миксер со преостанатиот шеќер и ванилиниот шеќер додека се растопи шеќерот.
  4. Изматените жолчки, изладениот путер и брашното ги додаваме во садот со изматени белки и мешаме додека смесата се соедини.
  5. Ја нанесуваме во 3 тркалезни калапи за печење обложени со хартија, ги ставаме во рерна и печеме на 180°C околу 20 минути.

Крем од ванила

  1. Во тенџере ставете ги јајцата, 175 г шеќер во прав и ванилиниот шеќер и матете со миксер.
  2. Откако шеќерот ќе се растопи, додајте ги брашното и 100 мл млеко, па откако смесата ќе се соедини, исклучете го миксерот и ставете го тенџерето на оган и мешајте со лажица.
  3. Во друго тенџере на оган додајте го преостанатото млеко и откако ќе зоврие, додајте ја смесата.
  4. Непрекинато мешајте додека кремот ја добие потребната густина.

Финална постапка

  1. Пандишпаните филувајте ги со кремот од ванила.
  2. Одозгора наредете парчиња сечкани јагоди, шеќер во прав и шлаг.
  3. За шлагот изматете со миксер прашок за шлаг со 300 мл млеко додека ја добие потребната цврстина.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: