Рецепти
Торта со вишни Ана Ѓорова

Одлична и преубава класика во која ќе уживате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 за пандишпан )

Шеќер(100 г за пандишап )

Путер(100 г за пандишап )

Црно чоколадо(100 г за пандишап )

Брашно(110 г за пандишап )

Нишесте (пченкарен скроб)(20 г за пандишап )

Ванилин шеќер(1 ќесичка за пандишап )

Слатка павлака(600 г за филот )

Крем сирење(200 г за филот )

Шеќер во прав(100 г за филот )

Желатин(1 и пол ќесичка за филот )

Млечно чоколадо(150 г за филот )

Компот од вишни(100 мл сок за филот )

Нишесте (пченкарен скроб)(2 лажици за пудингот од вишни )

Шеќер(2 лажици за пудингот од вишни )

Компот од вишни(500 г вишни без семки за пудингот од вишни )

Компот од вишни(250 мл сок за пудингот од вишни )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

Пандишпан

  1. Во тенџере на оган растопете ги путерот и чоколадото искршено на парчиња.
  2. Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата. Додајте го шеќерот и матете додека се растопи.
  3. Додајте го брашното во садот со јајцата, потоа и ванилиниот шеќер, густинот и изладената чоколада. Мешајте со лажица додека смесата се соедини.
  4. Смесата ставете ја во тркалезен калап обложен со хартија за печење, па ставете го калапот во рерна и печете 30 минути на 180°C.
  5. Печениот пандишпан исечете го на 2 еднакви дела.

Пудинг од вишни

  1. Во тенџере на оган ставете ги вишните од компот (претходно излупени од семките), 150 мл сок од компот од вишни и шеќерот.
  2. Густинот размешајте го со останатите 100 мл сок од компот, па додајте го во зовриената смеса од тенџерето и мешајте со жица додека пудингот ја добие потребната густина.

Фил

  1. Во тенџере на оган растопете 150 г млечна чоколада искршена на парчиња.
  2. Желатинот размешајте го со 50 мл вода.
  3. Во тенџере на оган ставете 70 мл вода. Додајте го набабрениот желатин и мешајте додека да се растопи.
  4. Во сад за матење изматете ја слатката павлака со миксер, додајте ги крем сирењето и шеќерот во прав и матете додека смесата се соедини. Додајте го во смесата изладениот желатин и мешајте со лажица.
  5. Смесата поделете ја на 2 еднакви дела: во првиот дел измешајте ја топената чоколада, во вториот дел 20 мл сок од компот.

Финална постапка

  1. Првиот пандишпан попрскајте го со 5-6 лажици сок од компот. На чинијата за торта ставете го страничниот дел од калапот за печење.
  2. Пандишпанот намачкајте го со пудингот со вишни, па врз него фил од чоколадо, па потоа филот со сокот од вишни.
  3. Покријте со втората кора пандишпан, попрскајте ја со3-4 лажици сок од компот и врз неа изрендајте чоколадо.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: