Рецепти
Турски кадаиф со топен кашкавал
Турски традиционален слатко-солен десерт што се нарекува ”Kanafeh”, a е составен од кадаиф со топен кашкавал во средината и шербет
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Турска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Кадаиф(225 Грама)
Путер(115 Грама)
Кашкавал(350 Грама)
Кајмак(2-3 Супени лажици)
Шеќер(225 Грама)
Вода(120 Милилитри)
Лимон(1/2 )
Ф‘стаци(1-2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Во тенџере ставете вода и шеќер и подгответе шербет. Мешајте додека не се растопи шеќерот, а потоа додајте сок од 1/2 лимон, намалете го оганот на минимум и гответе 10-тина минути. Оставете го настрана да се олади.
- Истопете го путерот и добро намастете голема тава за печење. Останатиот дел од стопениот путер полијте го врз кадаифот. Добро натопете го, ако е потребно стопете дополнително путер, а потоа поделете го на два дела.
- Едниот дел од кадаифот ставете го во тавата за печење и притиснете добро со дланките.
- Кашкавалот ситно исечкајте го и нанесете го врз кадаифот, а потоа покријте со другата половина од кадаифот и повторно притиснете со дланките.
- Печете во загреана рерна околу 35-40 минути додека содржината во тавата не добие убава златна боја.
- Извадете од рерна, исечете на делови и прелијте го десертот со ладен шербет. Декорирајте со сечкани ф’стаци и веднаш сервирајте додека кашкавалот е растопен.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во