Рецепти
Вртена пица Ана Ѓорова

Вкусно печиво со шунка и кашкавал што е одлично за појадок или за вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1/2 Килограм)

Јајце(1 )

Квасец(1/2 )

Млеко(200 Милилитри)

Вода(100 милилитри млака )

Шеќер(1 Кафена лажица)

Сол(2 Кафени лажици)

Шунка(100 Грама)

Кашкавал(100 Грама)

Кечап

Сусам(50 Грама)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Квасецот се става во чаша со вода, се додава шеќерот и малку од млекото и се остава да нарасне.
  2. Во длабок сад се ставаат брашното, јајцето, млекото, солта и квасецот. Се замесува тесто и по потреба се додава млака вода да се добие меко тесто.
  3. Откако тестото еднаш ќе нарасне, го размесуваме и го делиме на 3 дела. Потоа секој дел го делиме на 2. Треба да добиеме 6 топчиња.
  4. Шунката и кашкавалот ги рендаме.
  5. Првото топче го расукуваме на набрашнета површина и го филуваме на со шунката, кашкавалот и кечапот, па го виткаме во ролна.
  6. Истото го правиме и со второто топче. Потоа ги редиме едно до друго, ги залепуваме за краевите и почнуваме да ги преплетуваме како плетенка едно врз друго.

01

  1. Кога ќе завршиме со виткањето, ја ставаме првата пица на тавче подмачкано со масло, а постапката ја повторуваме со останатите топчиња.
  2. Пиците ги премачкуваме со вода и со масло, па ги наросуваме со сусам. Ги оставаме да нараснат, а рерната ја загреваме на 250 степени. Ги печеме пиците додека заруменат.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: