Рецепти
Благи кифлички со вино Ана Ѓорова

Вкусни и меки кифлички со вино и фил од мармалад и ореви што ќе ви станат омилени

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бело вино(200 Милилитри)

Масло(400 Милилитри)

Брашно(500 Грама)

Прашок за печиво(1 )

Ванилин шеќер(1 )

Мармалад од сливи(или друг по желба )

Ореви

Шеќер во прав(250 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во сад ставете ги белото вино и маслото.
  2. Во друг сад измешајте ги брашното со ванилиниот шеќер и со прашокот за печиво, потоа додајте ги во садот со виното и замесете меко тесто. Додајте уште брашно по потреба.
  3. Тестото се остава малку да отстои, потоа се кинат мали парчиња и се прават топчиња.
  4. Секое топче се расукува во мала коричка, се става по една лажичка мармалад од сливи или друг вид по вкус, се става и една јатка од ореви, па расуканата коричка се витка во кифличка.
  5. Откако ќе ги направите сите кифлички, наредете ги во намастена тепсија со растојание една од друга, па печете ги во рерна на 180°C, 20-25 минути или додека убаво се испечат.
  6. Испечените кифлички додека уште се топли извалкајте ги во шеќер во прав и редете ги на чинија. Одозгора наросете ги со уште шеќер во прав и послужете ги.
  7. Колачите се уште повкусни ако ги оставите да отстојат во садот за колачиња неколку дена.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: