Рецепти
Кростата со рикота и чоколадо Ана Ристеска

Вкусна италијанска кростата на која нема да можете да одолеете и со сигурност ќе ја направите повторно

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Путер(125 Грама)

Вода(200 Милилитри)

Шеќер(70 Грама + 175 Грама)

Жолчка од јајце(4 )

Сол

Рендана кора од лимон(од 3 лимони )

Цимет

Рикота сирење(500 Грама)

Црно чоколадо(40 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 150 минути

  1. Во сад се мешаат брашното, прстофат сол, рендана кора од 1 лимон и шеќерот (70 г), па се прави длабнатина во средината и се додаваат путерот, омекнат и исечен на коцки, жолчките од јајце (2) и водата.
  2. Смесата убаво се меша, се мати со миксер додека да добие малку кремаст состав, а потоа се префрла на набрашнета површина, се додава уште брашно по потреба за да се замеси средно тврдо тесто.
  3. Тестото убаво се изработува со рацете, постепено му се додава од брашното за да не се лепи, а потоа се става во проѕирна фолија и се остава во фрижидер 1 час.
  4. За тоа време го подготвуваме филот. Во сад го ставаме шеќерот (175 г), две жолчки, прстофат цимет и рендана кора од 2 лимони. Матиме со миксер. Потоа ја додаваме рикотата (претходно убаво исцедена), повторно матиме со миксер и го тргаме филот на страна.
  5. Округла тава, со пречник 24 см, се обложува со хартија за печење.
  6. Потоа од тестото се одделува мал дел. Од поголемиот дел формираме топче и го ставаме на хартија за печење. Одозгора го покриваме со уште една хартија за печење и со сукало го расукуваме во форма на круг и го ставаме во тавата, со тоа што на краевите малку ќе го задебелите.
  7. Потоа врз тестото го ставаме филот со рикотата и рамномерно го распоредуваме. Одозгора ставаме парчиња црно чоколадо.
  8. Помалиот дел го расукуваме на ист начин и од него сечеме ленти со иста дебелина и ги редиме најизменично како на сликата.

FullSizeRender (17)

 

9. Кростатата ја ставаме да се пече во загреана рерна на 175 степени околу 70 минути. Оставате целосно да се излади и ја служиме.

Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: