Рецепти
Мини чизкејк со јогурт Ана Ѓорова

Лесен, непечен десерт со јагоди што е одличен за летните денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(60 Грама)

Путер(25 Грама)

Крем сирење(200 Грама)

Јогурт(125 Милилитри)

Шеќер во прав(30 Грама)

Екстракт од ванила(1 Супена лажица)

Желатин(10 Грама)

Јагоди(120 Грама)

Шеќер(30 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 4 часа

  1. Сомелете ги бисквитите, а путерот стопете го. Потоа добро со лажица измешајте ги во еден сад.
  2. Во калап за мафини (за 6 мафини) ставете хартиени кошнички и на дното од секоја натапкајте ја смесата со бисквити. Оставете да се олади во фрижидер околу 30 минути.
  3. Во меѓувреме подгответе го кремот: малку од желатиот (останатиот дел е за слојот од јагоди) растопете го во тенџере со малку вода на тивок оган и измешајте го со екстрактот од ванила.
  4. Во друг сад изматете ги со мискер крем сирењето, шеќерот во прав и јогуртот и додајте го желатинот, па измешајте со лажица.
  5. Смесата ставете ја во кошничките за мафини врз основата од бисквити. Ставете во фрижидер уште 2 часа.
  6. Јагодите измијте ги и исчистете ги и ставете ги во мало тенџере на рингла со шеќерот. Гответе ги на умерен оган 5-10 минути и потоа изблендирајте ги за да добиете пире.
  7. Останатиот желатин додајте го во јагодите додека се уште топли и мешајте да се растопи. Оставете ја смесата да се олади.
  8. Додајте ја врз слојот од крем и повторно вратете ги колачите во фрижидер да се оладат околу 1 час.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: