Рецепти
Торта од тиква со чоколадо Ана Ѓорова

Совршен спој на чоколадо и тиква како одличен, есенски десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(1 1/2 Чаша)

Путер(1 1/2 Чаша)

Јајце(3 )

Ванилин шеќер(1 1/2 Кафена лажица)

Брашно(2 Чаши)

Прашок за печиво(2 Кафени лажици)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Сол(1/4 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Пире од варена тиква(1 1/2 Чаша)

Крем сирење(115 Грама)

Шеќер во прав(1 Чаша)

Хопла(1 Чаша)

Црно чоколадо(300 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во сад за матење со миксер пенасто изматете 1 чаша путер со шеќерот. Додајте ги едно по едно јајцата и лажичка ванилин шеќер и миксирајте додека смесата се соедини.
  3. Во друг сад измешајте го брашното, сода бикарбона, печивото, солта и циметот. Смесата додајте ја во садот за матење и измиксирајте сè заедно со изматените путер и јајца.
  4. Исклучете го миксерот и додајте го пирето од тиква, па промешајте со лажица додека смесата се соедини.
  5. Смесата поделете ја во 2 идентични, намастени, кружни садови за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна 35-40 минути. Боцнете со чепкалка во центарот – ако чепкалката е чиста, тортата е готова.
  6. Во меѓувреме изматете 1/2 чаша путер со крем сирењето, шеќерот во прав и 1/2 лажичка ванила. Убаво матете со миксер додека да добиете хомогена смеса.
  7. Готовите пандишпани извадете ги од садовите, премачкајте го едниот со смесата од путер и крем сирење на површината и преклопете го со другиот пандишпан.
  8. При крајот подгответе го чоколадниот фил: во тенџере на оган ставете ја хоплата и пред да зоврие додајте го дробеното чоколадо и мешајте додека чоколадото се растопи.
  9. Премачкајте ја тортата со чоколадниот фил и оставете ја да се стврдне околу 15 минути. Откако убаво ќе се олади, пресечете ја и сервирајте ја.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: