Рецепти
Алва со бадеми Ана Ѓорова

Популарниот турски десерт во облик на бомбици кој нема да Ве остави рамнодушни. Предлог: идентично вкусна варијанта е ако употребите мелени ореви наместо бадеми

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(200 Грама)

Путер(6 Супени лажици)

Мелени бадеми(100 Грама)

Шеќер(400 Грама)

Вода(4 Децилитри)

Ванилин шеќер(10 Грама)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Подготовка на шеќерниот сируп: во лонец на оган ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и малку исцеден сок од лимон. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе половина час, а потоа оставете настрана да се олади.
  2. На тивок оган ставете го путерот да се топи и не мешајте. Тргнете од оган и отстранете ја пената, путерот внимателно ставете го во чиста чинија, а млечниот талог од дното фрлете го.
  3. Добиениот топен путер ставете го во сад на оган, додајте брашно, мелени бадеми и непрекинато мешајте додека смесата не добие златнокафеава боја т.е. додека не згусне и не почне да се одвојува од садот.
  4. Изгасете го огнот и во смесата со постојано мешање постепено додавајте го претходно приготвениот шеќерен сируп.
  5. Сè добро промешајте и погрижете се да нема грутки, а потоа на тивок оган повторно мешајте ја алвата додека не почне да се одвојува од садот.
  6. Кога ќе биде готова, тргнете ја од оган и оставете да се олади. Обликувајте бомбици, а потоа извалкајте ги во мелени бадеми и по желба додајте цимет или шеќер во прав. Пред послужување, најдобро е да ги чувате бомбиците алва во фрижидер и тоа неколку дена.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: