Рецепти
Бел млечен пудинг Ана Ѓорова

Интересен десерт од млеко и бадеми

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бадеми(350 Грама)

Млеко(8 Децилитри)

Шеќер(180 Грама)

Лимон(1 )

Цимет

Желатин(10 листови )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути + 5 часа во фрижидер

  1. Ставете ги листовите желатин во еден сад со ладна вода да отстојат 15 минути.
  2. Бадемите ставете ги 1 минута во зовриена вода, исцедете ги, излупете ги и сомелете ги.
  3. Ставете ги мелените бадеми во ситна газа, заврзете ја газата и ставете ја во сд со 2 дл млака вода. Оставете ги така 1 час или додека да добиете „млечна“ вода.
  4. Потоа извадете ја газата и добро исцедете ја со притискање за да се истисне цела вода од бадемите.
  5. Млекото од бадеми измешајте го со млекото, шеќерот, малку цимет и кората од лимон, па варете го 15 минути на тивок оган со постојано мешање.
  6. Отстранете ја кората од лимон, додајте го желатинот кој претходно сте го ставиле да омекне во вода и сте го исцедиле.
  7. Течноста сипете ја во калап со зафатнина од 1,5 л и оставете во фрижидер 5 часа.
  8. Пудингот сервирајте го посипан со цимет.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: