Рецепти
Богата тава со кременадли Ана Ѓорова

Гурманска тава од месо и зеленчук за вкусен, семеен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински кременадли(6 )

Кромид(3 Главици)

Лук(1 Главица)

Зелена пиперка(2 )

Сува везена црвена пиперка(3 )

Модар патлиџан(1 )

Тиквичка(1 )

Компир(2 )

Домат(1 )

Боранија(200 Грама)

Морков(3 )

Магдонос(1 Китка)

Целер(2 Гранчиња)

Супа од печурки(1 Пакување)

Бибер

Вегета(1 Супена лажица)

Буковец(1 Супена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Масло(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Сите состојки (освен кременадлите) се сечкаат и се пропржуваат во масло, потоа се посолуваат и се зачинуваат.
  2. Кременадлите се варат во 1 литар вода со малку сол. Кога ќе бидат полусварени, им се вади коската, а месото се сечка на покрупни парчиња.
  3. Половина од пропржената смеса се става во огноотпорен сад (или во земјена тава).
  4. Потоа и половина од месото се става во средината, а остатокот од смесата го ставаме врз кременадлите. Врз сето тоа се додаваат преостанатите парчиња кременадли.
  5. Водата, во која претходно се вареше месото, се истура врз наредената тава. Се става и крем-супата од печурки.
  6. На крај одозгора се редат црвени суви пиперки, па тавата се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: