Рецепти
Болоњезе тортелини
Домашни тестенини со сос од јунешко месо и домати
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(1 Килограм)
Јајце(12 )
Кромид(1 Главица)
Морков(2 )
Јунешко мелено месо(600 Грама)
Домат(500 Грама)
Морско оревче(3 Парчиња)
Доматно пире(4-5 Супени лажици)
Црвено вино(100 Милилитри)
Свеж магдонос(1 Китка)
Масло(2-3 Супени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
Рендан пармезан(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
ТЕСТО:
- Во тава ставете го брашното, едно по едно кршете 10 јајца и додавајте ги во тавата. За тесто за равиоли, тортелини, лазањи и слично се става 1 јајце на 100 грама брашно.
- Замесете го тестото убаво и ставете го врз набрашнета површина, а потоа поделете го на 6 дела и формирајте од секој дел топка.
ФИЛ:
- Во тенџере ставете изрендан морков и исечкан кромид.
- Малку пропржете, а потоа додајте половина од меленото месо и убаво промешајте.
- Додајте ги претходно исечканите домати и црвеното вино и оставете да се готви. Посолете и додајте бибер по желба и потоа кога ќе се зготви тргнете настрана.
- На оган ставете друга тава со путер и ставете го преостанатото месо да се пржи, а потоа ставете го во сад настрана.
- Во садот со месото додајте 2 лажици пармезан, рендано морско оревче и 2 жолчки и убаво соединете.
ПОДГОТОВКА:
- Расукајте ги топките тесто на набрашнета површина во тенки кори.
- Со нож исечете ги корите на квадрати со големина околу 5 см, а потоа секое парче филувајте го со подготвениот фил од пармезан, месо и 2 жолчки и формирајте тортелини.
- Сварете ги готовите тортелини во посолена вода околу 15-тина минути.
- Сварените тортелини ставете ги во тенџерето со доматите и месото, убаво промешајте за да впијат од сосот и ставете ги на оган кратко да се пропржат.
- На крај послужете ги тортелините во чинија, изрендајте морско оревче и додајте ситно сечкан магдонос. Наросете и пармезан по желба и уживајте!
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во