Рецепти
Бомбици од сирење Ана Ѓорова

Бомбици од рикота сирење извалкани во микс на состојки што се одлични за мезе или како додаток на трпезата за разни пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Рикота сирење(250 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(по желба )

Свеж босилек

Сушен темјан(или свеж )

Свежо нане

Сушен домат(25 Грама)

Зелени маслинки(25 Грама)

Кари во прав(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во подлабок сад ставете го рикота сирењето и зачинете го со сол и бибер. Испасирајте го со виљушка да нема грутки и да добие кремаст состав.
  2. Сирењето оставете го во фрижидер околу 30-тина минути.
  3. Во меѓувреме на маслинките извадете им ги семките и иситнете ги во блендер, па ставете ги во чинија настрана.
  4. Сувиот домат исто така изблендирајте го и ставете го во друга чинија настрана.
  5. Ароматичните тревки (босилекот, темјанот и нането) измијте ги и исушете ги, а потоа ситно исчекајте ги или изблендирајте ги во блендерот, па тргнете ги во чинија настрана.
  6. Смесата со рикота сирењето извадете ја од фрижидер и формирајте бомбици со големина на орев.
  7. Потоа секоја бомбица валкајте ја во 4 различни мешавини (во една чинија кари, во друга ароматичните тревки, во трета маслинките и во четвртата чинија суви домати).
  8. Бомбиците послужете ги веднаш или оставете ги во фрижидер да отстојат до утредента.

 

Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: