Рецепти
Бомбици од тиквички и компири Ана Ѓорова

За подготовка на тиквички постојат безброј начини, а ние Ви нудиме интересно-вкусна варијанта за здрав ручек или предјадење од печени тиквички, компир и кашкавал во форма на бомбици кои се топат во уста

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиквичка(300 Грама)

Компир(600 Грама)

Рендан пармезан(30 Грама)

Јајце(2 )

Свеж магдонос(1 Китка)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Кашкавал(125 Грама)

Лебни трошки(4 Супени лажици)

Сусам(1 Супена лажица)

Масло(1 Супена лажица)

Лук(1 Чешне)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тенџере со зовриена вода ставете ги нелупените компири и варете ги околу 30 минути. Потоа исцедете ги, излупете ги и испасирајте ги со вилушка. Оставете ги настрана да се подоладат.
  2. Тиквичките измијте ги и изрендајте ги со ренде на крупни парчиња, а потоа оставете ги да се исцедат.
  3. Во поголем сад ставете ги исцедените тиквички, испасираните компири, јајцата, ренданиот пармезан, исечканиот магдонос, ситно сечканото лукче, сол и бибер. Убаво измешајте и соединете ја смесата со дланките.
  4. Кашкавалот исечете го на коцки со димензии околу 1.5 сантиметри. Земете дел од тестото со тиквички, сплескајте го со дланките и во центарот ставете 1 коцкичка кашкавал. Покријте го со дланките и формирајте бомбица.
  5. Лебните трошки измешајте ги со сусамот. Добиените бомбици извалкајте ги внимателно во смесата од лебните трошки и ставете ги во огноотпорен сад со намастена хартија за печење. Постапката повторете ја со преостанатата смеса.
  6. Така подготвените бомбици, попрскајте ги со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200°C, околу 20 минути додека не добијат убава златнoжолта боја.
Салата со соја и шампињони
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Пита со карамелизирана тиква
Чорба без масло
Крокети од тиква и пармезан
Тарт со праз
Вегетаријански плескавици
Посна сарма со праз и шампињони
Топчиња од палента
Топчиња од зеленчук
Чоколадни бомбици со авокадо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Шеќерни јаболки
Сос од грав и лук
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Салата со карфиол и маслинки
Крем чорба од зеленчук
Топчиња со блитва
Чорба со блитва и кисела павлака
Проја мафини со брокула
Чорба со кисели краставички
Овесни колачиња со цимет и мед
Мафини со рибизли
Чорба со шампињони и кисела павлака

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: