Рецепти
Бомбици со јајца
Декоративно предјадење од јајца во овесни и пченични снегулки
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(6 )
Кромид(1 Главица)
Пченични снегулки(100 Грама)
Овесни снегулки(100 Грама)
Вода(400 Милилитри)
Коцка за супа од зеленчук(1/2 )
Брашно(5 Супени лажици)
Лебни трошки(5 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Сварете тврдо четири јајца, изладете ги и излупете ги.
- Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го со две лажици загреано масло околу 5 минути.
- Додајте ги пченичните и зобените снегулки, водата и изронетата коцка за супа. Добро измешајте и варете на тивка температура околу 3 минути да добиете црврста, леплива смеса.
- Смесата тргнете ја од оган, додајте ги зачините, па оставете да се лади.
- Млаката смеса поделете ја на четири дела. Со влажни дланки сплескајте еден дел од смесата и во неа завиткајте едно тврдоварено јајце. Смесата убаво завиткајте ја околу јајцето и добро распоредете ја.
- На ист начин со смеса обложете ги и преостанатите три јајца. Смесата не смее да биде премногу сува бидејќи при пржењето може да испука.
- Во еден сад ставете брашно, во друг изматете ги јајцата, а во трет ставете ги лебните трошки. Секое јајце валкајте го прво во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Пржете ги јајцата во поголема количина загреано масло додека заруменат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во