Рецепти
Боранија со чадена сланина и компири Ана Ристеска

Превкусна комбинација за ручек со која нема да погрешите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Боранија(750 Грама)

Компир(750 Грама)

Димена сланина(250 Грама)

Јајце(4 )

Кашкавал(100 Грама)

Путер(70 Грама)

Млеко(250 Милилитри)

Лимон(1/2 )

Вегета(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Боранијата ја сечкаме на парчиња и 5 минути ја вариме во посолена зовриена вода во тенџере на оган. Сварената боранија ја ставаме во длабок сад.
  2. Лентите сланина ги сечкаме на покрупни парчиња и ги додаваме во садот. Лимонот го цедиме во цедалка, го додаваме во садот и промешуваме.
  3. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го налеваме млекото. Посолуваме, наросуваме бибер и додаваме вегета и промешуваме.
  4. К0мпирите ги сечкаме на кругови.
  5. Половина од боранијата со сланина ставаме во огноотпорен сад намрсен со путерот. Прекриваме со круговите компири. Во садот ја додаваме преостанатата боранија со сланина. Преливаме со мешавината од јајца и млеко.
  6. На покрупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Попрскуваме масло за јадење.
  7. Садот го ставаме во рерна, печеме 45 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: