Рецепти
Божиќна пита со мисирка и праз Ана Ѓорова

Оваа божиќна пита – по рецептот на британските кувари – со домашен сос ги претвара остатоците од мисирка во вистински полн погодок

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Праз(2 Килограми)

Сланина(2 Парчиња)

Печени или варени костени(12 )

Печено мисиркино месо(800 Грама)

Лиснато тесто(500 Грама)

Коцка за супа-бујон(1 Литар)

Јајце(1 )

Свежа мајчина душица(0.5 Китка)

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Путер(2 Супени лажици)

Брашно(2 Супени лажици)

Павлака(2 Супени лажици)

Жалфија(2 Листови)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Измијте го празот. Зелениот дел се сечка на мали парчиња, а белиот на големи.
  2. Исечете ја сланината на коцки и ставете ја во тава. Додајте ги листовите мајчина душица, маслиновото масло и путерот и оставете неколку минути сланината да се пропржи.
  3. Додајте го празот и зачинете со сол и бибер. Се промешува.
  4. Покријте и оставете да врие околу половина час.
  5. Во динстаните праз и сланина, се додава крупно исечканото печено мисиркино месо (бело, црно или остатоци). Додајте го брашното и мешајте.
  6. Истурете топла пилешка или мисиркина супа и промешајте, па ставете го на најсилен оган.
  7. На крај, додајте павлака и зачинете со сол и црн пипер. Нежно се меша.
  8. Исцедете ја смесата така што ќе ја сипете во ситна цедалка, одоздола поставете чинијата и оставете да отстои 10-15 минути.
  9. Извадете го тестото од фрижидер половина час пред да почнете да готвите. Го развиваме со посипување под и над со брашно. Измесете го во правоаголна форма, со дебелина од околу 3 мм.
  10. Одозгора скршете печени и излупени костени и исечкајте ги листовите жалфија.
  11. Преклопете го тестото на половина и притиснете добро. Повторно развлечете го.
  12. Ставете ја исцедената смеса во правоаголна тава и распоредете ја. Одозгора ставете го тестото и растегнете го убаво така што ќе ја покрива цела тава.
  13. Со нож направете дијагонални засечоци и премачкајте ја питата со матено јајце.
  14. Печете ја питата на 180 степени 30-40 минути. Послужете со варен сос од грашак (замрзнатиот грашак се готви, се става сол и бибер и се додава сок од лимон и путер).
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: