Рецепти
Бурбон сладолед со кафе
Интересна комбинација за вкусен летен десерт по ручекот
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Хопла(2 Чаши)
Млеко(1 1/4 Чаша)
Шеќер(7/8 Чаша)
Кафе(печени цели зрна 1 чаша )
Жолчка од јајце(6 )
Виски(2-3 Супени лажици)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Црно чоколадо(140 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Целите зрна кафе (печени) ставете ги во тенџере со млекото, 1 чаша од хоплата (останатата чаша оставете ја во фрижидер), шеќерот и прстофат сол и мешајте на рингла на умерен оган додека смесата почне да врие.
- Откако ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од оган, покријте со капак и оставете да отстои 1 час.
- Откако зрната кафе ќе отстојат во врелата течност 1 час, исцедете ја течноста и отстранете ги зрната, па повторно ставете го тенџерето на оган но не ја зовривајте течноста само стоплете ја.
- Во меѓувреме во друго тенџере со жица за матење изматете ги жолчките и постепено во нив додавајте половина од топлата смеса со млекото и матете. Потоа претурете ја смесата со жолчки во тенџерето со остатокот од смесата со млеко и измешајте.
- Зовријте ја на тивко смесата во тенџерето и мешајте со дрвена лажица додека се згусне и се задржи на лажицата.
- На крај врелиот крем измешајте го со 1 чаша ладна слатка павлака, покријте и оставете го да се олади во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Во фрижидер, не замрзнувач.
- Утредента ставете од вискито и екстрактот од ванила и добро измешајте го сладоледот. Ставете го во апарат за правење сладолед, а доколку немате таков, ставете го во пластичен сад, исечкајте чоколадо и замрзнете го преку ноќ.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во