Рецепти
Бурбон сладолед со кафе Ана Ѓорова

Интересна комбинација за вкусен летен десерт по ручекот

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Хопла(2 Чаши)

Млеко(1 1/4 Чаша)

Шеќер(7/8 Чаша)

Сол

Кафе(печени цели зрна 1 чаша )

Жолчка од јајце(6 )

Виски(2-3 Супени лажици)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Црно чоколадо(140 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Целите зрна кафе (печени) ставете ги во тенџере со млекото, 1 чаша од хоплата (останатата чаша оставете ја во фрижидер), шеќерот и прстофат сол и мешајте на рингла на умерен оган додека смесата почне да врие.
  2. Откако ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од оган, покријте со капак и оставете да отстои 1 час.
  3. Откако зрната кафе ќе отстојат во врелата течност 1 час, исцедете ја течноста и отстранете ги зрната, па повторно ставете го тенџерето на оган но не ја зовривајте течноста само стоплете ја.
  4. Во меѓувреме во друго тенџере со жица за матење изматете ги жолчките и постепено во нив додавајте половина од топлата смеса со млекото и матете. Потоа претурете ја смесата со жолчки во тенџерето со остатокот од смесата со млеко и измешајте.
  5. Зовријте ја на тивко смесата во тенџерето и мешајте со дрвена лажица додека се згусне и се задржи на лажицата.
  6. На крај врелиот крем измешајте го со 1 чаша ладна слатка павлака, покријте и оставете го да се олади во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Во фрижидер, не замрзнувач.
  7. Утредента ставете од вискито и екстрактот од ванила и добро измешајте го сладоледот. Ставете го во апарат за правење сладолед, а доколку немате таков, ставете го во пластичен сад, исечкајте чоколадо и замрзнете го преку ноќ.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: