Рецепти
Чкето Ана Ѓорова

Традиционално македонско јадење од јагнешко месо со многу магдонос и лук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешко месо(500 Грама)

Магдонос(4-5 Китки)

Лук(1 Главица)

Брашно(1-2 Супени лажици)

Масло(2-3 Супени лажици)

Сол

Бибер

Црвен пипер

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Месото измијте го, исечете го на крупни парчиња, посолете го по вкус и ставете го во тенџере да се пропржи на загреано масло околу 10-15 минути додека убаво не зацрвени. Мешајте и пржете го од двете страни.
  2. Во меѓувреме измијте ги и исечкајте ги китките магдонос на ситни парчиња, а лукот излупете го и чешнињата исечкајте ги на средно крупни парчиња.
  3. Кога месото ќе се пропржи, додајте го магдоносот, лукот и налејте вода колку да го покрие месото. Зачинете по вкус и варете на тивок оган додека да се свари месото.
  4. Во меѓувреме подготовете запршка: во тава ставете лажица масло и лажица брашно и пропржете додека не се добие убава жолта боја, па додајте црвен пипер.
  5. Додајте малку вода и прелијте го јадењето со запршката, а потоа оставете да се вари на тивко уште 5 минути додека да згусне.
  6. Послужете со топол потпечен леб и кисело млеко. На здравје!
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: