Рецепти
Чоколаден чизкејк со лешници Ана Ристеска

Богат чоколаден чизкејк со нутела

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Орео колачиња(36 )

Путер(6 Супени лажици)

Млечно чоколадо(1 Чаша)

Млеко(0.5 Чаша)

Крем сирење(226 Грама)

Шеќер(1 Чаша)

Јајце(4 )

Кисела павлака(1/2 Чаша)

Нутела крем(1 1/4 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Супена лажица)

Какао(1/4 Чаша)

Брашно(1/4 Чаша)

Црно чоколадо(1 Чаша)

Хопла(3/4 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 90 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Подмачкајте округла тава за печење со путер.
  3. Во голем сад ставете ги смелените колачиња Орео и стопениот путер. Промешајте и префрлете ја смесата во тавата за печење. Убаво распоредете ја и натапкајте ја.
  4. Во мал сад стопете го чоколадото.
  5. Во сад со електричен миксер матете ги крем сирењето и шеќерот.
  6. Додајте ги млекото, јајцата, киселата павлака, стопеното чоколадо и продолжете со мешање додека смесата не се изедначи.
  7. Потоа додајте ја нутелата и ванилата и повторно мешајте. Додајте го и какаото и брашното и мешајте додека брашното не е апсорбирано.
  8. Филот префрлете го во тавата за печење врз тестото и печете ја тортата 60-75 минути.
  9. Кога ќе завршите со печење исклучете ја рерната, отворете ја малку и оставете тортата целосно да се олади во неа.
  10. Потоа ставете ја тортата во фрижидер додека не е време да ја послужите.
  11. За чоколадниот прелив, во сад ставете хопла и чоколадо за готвење и ставете го садот во микробранова печка 1 минута. Извадете го, промешајте и полијте ја тортата. Одозгора можете да поросите искршени лешници.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: