Рецепти
Чоколадна торта
Чоколадно уживање со ореви и бел, кремаст фил и глазура од топено чоколадо
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(9 )
Шеќер(250 грама + 9 лажици )
Какао(4 Супени лажици)
Брашно(4 Супени лажици)
Мелени ореви(18 Супени лажици)
Млеко(1/2 Литар)
Нишесте (пченкарен скроб)(5 Супени лажици)
Желе бомбони(200 Грама)
Маргарин(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Прв дел: 5 јајца се матат со 5 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 2 лажици какао и 10 лажици мелени ореви. Пандишпанот се става во намастен плех и се пече.
- Втор дел: 4 јајца се матат со 4 лажици шеќер, 8 лажици мелени ореви, 2 лажици какао и 2 лажици брашно. Се пече.
- Фил: половина литар млеко се става во тенџере на оган, се додаваат 250 г шеќер, 5 лажици густин и се вари со постојано мешање на умерена-тивка температура. Откако филот ќе згусне, се остава да се излади целосно.
- Посебно се мати маргаринот и со лажица убаво се меша со оладениот фил и со желе бонбоните.
- Првиот пандишпан се филува, се поклопува со вториот пандишпан и одозгора се полива со чоколадна глазура од растопено чоколадо.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во