Богата и прекрасна торта со која нема да погрешите
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минутиЈајце(5 за првиот пандишпан )
Шеќер(5 лажици за првиот пандишпан )
Брашно(4 лажици за првиот пандишпан )
Мелени ореви(8 лажици за првиот пандишпан )
Црно чоколадо(50 грама за првиот пандишпан )
Какао(1 лажица за првиот пандишпан )
Јајце(6 за вториот пандишпан )
Шеќер(6 лажици за вториот пандишпан )
Брашно(4 лажици за вториот пандишпан )
Сечкани ореви(100 грама за вториот пандишпан )
Урми без семки(50 грама за вториот пандишпан )
Суви сливи(50 грама за вториот пандишпан )
Јајце(1 за филот )
Шеќер(200 грама + 6 лажици за филот )
Млеко(600 мл за филот )
Мелени ореви(150 грама за филот )
Маргарин(250 грама за филот )
Пудинг од ванила(2 пакетчиња за филот )
Банана(2 за филот )
Црно чоколадо(200 грама за филот )
За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути
1 пандишпан
- Изматете ги пенасто со миксер јајцата и шеќерот додека шеќерот се растопи.
- Додајте ги мелените ореви, брашното, ренданото чоколадо и какаото.
- Смесата префрлете ја во тава за печење обложена со намастена хартија за печење.
- Печете го првиот пандишпан во рерна на 180°C околу 30 минути.
2 пандишпан
- Одделете ги жолчките од белките – белките изматете ги со миксер заедно со шеќерот додека ја добијат потребната цврстина. Жолчките се чуваат за филот.
- Изматените белки измешајте ги со сечканите урми и суви сливи, брашното и сечканите ореви и мешајте додека смесата се соедини.
- Печете во рерна на 180°C околу 20 минути.
Фил
- Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и 6 лажици шеќер.
- Пудингот додајте го со преостанатото млеко и мешајте со жица.
- Потоа непрекинато мешајќи со жицата во зовриеното млеко во тенџерето на оган додајте го размешаниот пудинг и варете додека пудингот ја добие потребната густина.
- Јајцето се меша со жолчките што ги тргнавте настрана кога се подготвуваше пандишпанот, додајте 200 г шеќер, ставете го садот на пареа, матете со миксер и варете додека кремот ја добие потребната густина.
- Во друг сад со миксер пенасто изматете го маргаринот и измешајте го со двете претходно подготвени и изладени смеси.
- Добиената смеса поделете ја на три дела – во првата смеса додајте ги мелените ореви, во вториот сад додајте го растопеното чоколадо (оладено), а во третата смеса испасираните банани.
Финална постапка
- Пандишпаните исечете ги на половина по широчина.
- На првата лента од првиот пандишпан нанесете го филот со мелени ореви.
- Врз филот ставете ја првата лента од вториот пандишпан и премачкајте со филот од чоколадо.
- Поклопете со пандишпан и премачкајте од филот со бананите.
- Целата торта филувајте ја така додека да се потрошат состојките.
- Одозгора декорирајте со чоколадо и со мелени ореви.